Париз – Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека ќе испрати три борбени авиони „Рафал“ во Полска за зајакнување на воздушната одбрана и заштита на источниот крил на НАТО. Одлуката следи по серија руски дронски упади во полскиот воздушен простор.
„Безбедноста на Европа е наш врвен приоритет. Нема да подлегнеме на руските заплашувања,“ изјави Макрон, нагласувајќи дека Франција ќе продолжи активно да придонесува во колективната одбрана на Алијансата.
Испраќањето на француските авиони се смета за силен сигнал на солидарност кон Полска и останатите земји од источниот фронт на НАТО.