УТРО.мк

Еве што ве чека од октомври на границите во ЕУ – нови правила и за Македонија

Еве што ве чека од октомври на границите во ЕУ – нови правила и за Македонија
Vero

Од октомври на границите со ЕУ: биометрија наместо печати

Од 12 октомври 2025 година, сите патници од трети земји, вклучително и Северна Македонија, ќе мораат да користат нови правила за преминување граница во ЕУ. Се воведува EES (Entry/Exit System) – дигитален систем за влез и излез, кој ќе овозможува фотографирање и земање отпечатоци од прсти, а секое влегување и излегување ќе се евидентира дигитално.

Целта е зголемена безбедност, спречување на измами и поедноставување на преминувањето на границите. Патниците ќе се регистрираат само еднаш, а потоа ќе можат да користат автоматски врати на аеродромите за побрзо патување. Новите правила нема да важат за деца до 12 години и за лица со регулиран престој или двојно државјанство во ЕУ.

Имплементацијата ќе се одвива постепено, во четири фази во наредните шест месеци, со цел EES да важи за сите патници во Шенген-зоната. На граничните премини со Грција и Бугарија можни се технички предизвици поради простор и потребата од биометриски податоци, па се планирани мобилни уреди и дополнителни точки за регистрација.

На крајот на 2026 година ќе стартува ETIAS – електронска регистрација за патници без виза, со онлајн пријава и такса од 20 евра. Одобрувањето ќе важи три години и ќе биде бесплатно за лица под 18 и над 70 години.

Со овие мерки ЕУ цели да ја зголеми безбедноста и да го забрза преминувањето на границите за граѓаните на трети земји.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран