Владата на Словенија денеска донесе одлука со која му се забранува влез во земјата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Потпретседателот на словенечката влада, Матеј Арчон, соопшти дека мерката стапи на сила веднаш, а санкцијата не ги опфаќа членовите на неговото семејство. Додик ќе биде вратен доколку се појави на граничен премин.
Одлуката следува по континуираното игнорирање на одлуките на меѓународниот висок претставник во БиХ и по пресудата со која Додик годинава беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавни функции. Словенија се приклучи на повеќе земји од ЕУ кои веќе имаат воведено забрани за негов влез.
Како клучни причини за забраната, словенечките власти го наведуваат подривањето на уставниот поредок на БиХ и ризикот по регионалната стабилност. Додик, кој е близок сојузник на Москва и Белград, и натаму се соочува со санкции и ограничувања од повеќе западни држави, а ЕУ и САД предупредуваат дека неговата реторика за отцепување ја продлабочува политичката криза во БиХ по војната.