На 11 септември 2025 година, во 04:55 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Ресенска“ во главниот град избувнал пожар во патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Ј. (43) од Скопје.
Од пожарот биле зафатени и „Рено Клио“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Б. (35), како и „Фолксваген Туран“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Љ. (34).
Екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје интервенирале и го изгаснале пожарот. Повредени лица нема.