УТРО.мк

Тешка сообраќајка кај Желино, има повредени

Тешка сообраќајка кај Желино, има повредени
Vero

На 10 септември 2025 година, во 14:40 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје–Тетово, во близина на селото Желино, се случила сообраќајна несреќа.

Во несреќата учествувале „Фолксваген Туарег“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Б.Б. (38) од Охрид, и „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.Б. (78) од Скопје.

Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од „Опелот“, Љ.Б. (75) од Скопје, на кои им било укажана лекарска помош во Клиничката болница во Тетово.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран