УТРО.мк

Завршен тендерот за трет мобилен оператор: „Оне Македонија телекомуникации“ единствен понудувач

Завршен тендерот за трет мобилен оператор: „Оне Македонија телекомуникации“ единствен понудувач
Vero

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ја заврши постапката за доделување радиофреквенции за трет мобилен оператор во земјата. Единствен понудувач е „Оне Македонија телекомуникации“ (унгарски „Фор-ај-џи“), а конечната одлука за избор на најповолен ќе биде донесена по завршување на локалните избори на 19 октомври.

– „По јавното отворање на понудите на 22 август, Комисијата за спроведување на јавен тендер изготви извештај до директорот на АЕК. Согласно Законот за електронски комуникации, директорот во рок од три дена донесе одлука за завршување на постапката. Следниот чекор е избор на најповолен понудувач по изборите,“ соопштија од АЕК.

Во одлуката се наведува дека радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.х GHz се предмет на тендерот, а бидејќи се јави само еден понудувач, постапката е завршена, додаде АЕК.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран