Скопската зоолошка градина со тага ја соопшти веста дека утрово угина нивниот европски бизон, стар 17 години. Овој величествен и редок претставник на европската дива фауна живееше во градината од 2011 година и беше еден од најимпресивните жители.
Како што соопштија од ЗОО Скопје, пред околу година и половина кај бизонот беше дијагностицирана пневмонија, по што следеше долготраен процес на терапија и внимателно следење од страна на тимот ветеринари и негуватели. И покрај секојдневната антибиотска терапија и постојан надзор, состојбата на животното се влошила во последните две недели, што за жал резултирало со неговата смрт.
Животниот век на европските бизони е од 14 до 20 години, а неговата смрт остави голема празнина во Зоолошката градина и кај посетителите кои го сакаа и ценешеја овој импресивен сожител на природата.