УТРО.мк

Обвинение против три лица за дивите депонии во Вардариште

Обвинение против три лица за дивите депонии во Вардариште
Vero

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против три лица за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“.

Според истрагата, од 2020 година до 2 септември 2025 година, обвинетите вршеле откуп на старо железо, метални производи, акумулатори и други отпадни метали на импровизирани пунктови во Вардариште без регистрирано правно лице и соодветна дозвола. Неправилното складирање и транспортирање на отпадот довело до создавање диви депонии, а на 9 јули годинава настанал неконтролиран пожар на дел од локацијата, при што се испуштил чад и штетни гасови што претставувале опасност за животот и здравјето на луѓето.

Обвинителството наведува дека дејствијата на обвинетите влијаеле на квалитетот на почвата и воздухот, а против нив е поднесен и предлог за продолжување на мерката притвор.

Исто така, во финална фаза се вештачења во постапка против сопственици на правно лице од Шуто Оризари, кои, спротивно на законските прописи, складирале поголемо количество отпадно железо, електронски отпад и делови од стари возила, а на 9 јули се случил пожар кој испуштил чад, пепел и штетни гасови во воздухот.

За пожарот на депонијата „Дрисла“ до овој момент нема поднесено кривична пријава, но Обвинителството ја следи состојбата и најавува постапка доколку се утврди загрозување на животната средина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран