УТРО.мк

Нестабилно време ја зафаќа Македонија: Обилен дожд, силен јужен ветер и локални грмежи до крајот на неделата

Нестабилно време ја зафаќа Македонија: Обилен дожд, силен јужен ветер и локални грмежи до крајот на неделата
Vero

Под влијание на серија влажни воздушни бранови, до крајот на седмицата Македонија ја очекува променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. На одредени места врнежите ќе бидат пообилни, со можност за локално невреме проследено со засилен ветер кој може да надмине 60 km/h и ретки грмежи.

Во период од 24 часа се очекува во поединечни подрачја да наврнат над 30 литри дожд на квадратен метар. Притоа ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

И главниот град ќе биде зафатен од нестабилното време. Во Скопје се прогнозира променливо облачно време со повремени врнежи, кои во дел од котлината може да достигнат од 15 до 25 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен, а повремено и засилен јужен ветер.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран