На социјалните мрежи се појави вознемирувачка снимка на која се гледа брутална примена на сила од припадник на Жандармеријата врз студенти и граѓани за време на блокадата пред Бановина во Нови Сад.
View this post on InstagramA post shared by Studenti Medicinskog Fakulteta u Novom Sadu(@blokada_mfns)
На видеото, кое го објавија самите студенти, јасно се гледа моментот кога девојка му приоѓа на жандармерецот, по што тој ја удира по главата и ја влече за коса. Во обид да го спречат насилството, неколку присутни реагираат и се обидуваат да го оддалечат, но полицаецот потоа насилно насрнува и кон друга личност.
Инцидентот се случил за време на турканицата меѓу полицијата и граѓаните, која започнала кога толпата се обидела да спречи одвлекување на автобусот на Миломир Јаќимовиќ, кој штрајкува со глад пред Бановина. Полицијата попладнето пристигнала со специјално возило за да го одвлече автобусот, кој цел ден бил паркиран пред објектот. Според извештаите на Nova.rs, полицајците со штитови грубо ги туркале присутните што се обидувале да го блокираат возилото.
Снимката е оценета како крајно вознемирувачка и предизвика бурни реакции во јавноста.























