Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала денес попладне го погоди регионот близу Благоевград во соседна Бугарија. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот бил регистриран околу 16 километри југозападно од градот, на длабочина од 5 километри.
Потресот се случил во 16:48 часот по локално време и бил почувствуван и на територијата на Македонија. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-научниот факултет во Скопје, земјотресот во земјава е евидентиран десет минути претходно, во 15:48 часот, а најмногу го почувствувале жителите на Делчево, Виница и околните места.
Нема информации за евентуални штети или повредени лица.























