Европратеничката со македонско потекло, Ирена Јовева, вечерва ја посети Дијана Хрка, која се наоѓаше во шатор поставен близу српскиот Парламент во Белград.
„Дојдов да ја изразам мојата поддршка“, изјави Јовева за време на посетата.
Дијана Хрка е мајка на Стефан, кој трагично почина минатиот ноември кога се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Хрка претходно штрајкуваше со глад 16 дена, но денеска го прекина штрајкот.























