УТРО.мк

Забрана за ноќно фрлање отпад во Скопје: казни од 50 евра за граѓаните

Забрана за ноќно фрлање отпад во Скопје: казни од 50 евра за граѓаните
Vero

Од вечерва во Скопје стапи на сила забраната за фрлање отпад во јавните контејнери во периодот од 22 до 6 часот наутро. Одлуката, потпишана од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, има цел да го намали хаосот со отпадот и да го подобри комуналниот ред во градот. Забраната не важи за приватните канти поставени пред домовите.

Контролата на терен ќе ја спроведуваат 40 градски инспектори, 11 комунални инспектори и 10 редари, кои ќе патролираат и по полноќ. За граѓаните што ќе фрлаат отпад во забранетиот период е предвидена казна од 50 евра, додека правните лица ќе се соочат со глоби од 1.300 до 1.800 евра, зависно од видот на отпадот.

Од ЈП „Комунална Хигиена“ најавуваат дека во првите денови наместо казни ќе се изрекуваат опомени преку ЕКО патролите. Дел од жителите на Скопје ја поддржуваат мерката, но укажуваат на потреба од повисока еколошка свест и постојана контрола, додека други се сомневаат во нејзината долгорочна ефикасност.

Ова претставува прв значаен предизвик за новиот в.д. директор на „Комунална Хигиена“, Драги Митковски, кој ја презеде функцијата по акцијата за расчистување на градските депонии.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран