Во Општина Чаир, работите на улицата „Мехмет Гега“ во населбата Топаана се приближуваат кон завршување. Асфалтирањето е комплетирано, тротоарите се финализираат, а наскоро ќе биде поставено и јавното осветлување, што ќе го комплетира овој важен градски потег.

Реконструкцијата не само што ја унапредува визуелната и урбаната слика на улицата, туку и ја зголемува безбедноста и функционалноста на населбата. Жителите на Чаир добиваат современ стандард на инфраструктура и подобрување на квалитетот на животот.
„Ова е дел од проектите со кои Чаир се движи напред, со видлива работа и резултати кои зборуваат сами за себе“, истакнува градоначалникот Изет Меџити.

Општината продолжува со реализација на проекти кои директно ја подобруваат секојдневната средина за граѓаните, со посветеност на квалитет, функционалност и модернизација на урбаните простори.























