УТРО.мк

Затворен потегот од Стара Рампа до Црвен Крст во Скопје –- сообраќајот пренасочен по алтернативни рути

Затворен потегот од Стара Рампа до Црвен Крст во Скопје –- сообраќајот пренасочен по алтернативни рути
Vero

Град Скопје информира дека денеска, од раните утрински часови, целосно е затворен за сообраќај дел од булеварот „Македонија“, на потегот од Стара Рампа во Кисела Вода до семафорите кај Црвениот Крст.


Причината за затворањето се градежни активности во рамки на реконструкцијата на булеварот, при што се поставува завршниот слој на коловозот во оваа фаза од проектот.


Од надлежните апелираат до граѓаните да бидат внимателни, да ја почитуваат поставената сигнализација и да користат алтернативни сообраќајни правци со цел да се избегнат гужви и застои.


Според најавите, оваа интервенција е дел од поширок проект за модернизација на сообраќајната инфраструктура, кој треба да донесе подобра проточност и побезбедно движење низ овој дел од градот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран