УТРО.мк

ТЕЖОК УДАР ЗА АМЕРИКАНСКОТО ВОЗДУХОПЛОВСТВО: Од почетокот на војната со Иран изгубени повеќе клучни авиони, меѓу нив и елитните Ф-15, Стратешки танкери, Радарските „Сентри“

ТЕЖОК УДАР ЗА АМЕРИКАНСКОТО ВОЗДУХОПЛОВСТВО: Од почетокот на војната со Иран изгубени повеќе клучни авиони, меѓу нив и елитните Ф-15, Стратешки танкери, Радарските „Сентри“
Vero

Ситуацијата на Блискиот Исток добива нова, уште подраматична димензија, откако се појавија информации дека САД веќе претрпеле сериозни воени загуби во текот на операциите поврзани со Иран. Според објави повикувајќи се на американски медиуми, најмалку седум воени авиони биле изгубени од почетокот на конфликтот, што претставува тежок удар за американската воздушна моќ.


Меѓу изгубените летала се дури четири ловци Ф-15, еден А-10 – познат како еден од најмоќните авиони за блиска поддршка на копнените сили, стратешкиот танкер КЦ-135 кој е клучен за полнење гориво во воздух, како и Е-3 „Сентри“ – летечка радарска платформа што се смета за „очи и уши“ на модерното војување, како и вчерашната загуба на двата хеликоптери HH-60W кој учествуваа во специјалната мисија за спасување на пилотот во Иран.


Овие загуби не се само бројки – тие претставуваат сериозен удар врз способноста за координација, контрола и доминација во воздушниот простор. Особено загрижува фактот што Е-3 „Сентри“ има клучна улога во рано предупредување и следење на цели, што значи дека неговото губење може значително да ја намали прегледноста на бојното поле.


Фотографиите што кружат на социјалните мрежи, на кои се гледаат уништени остатоци од американски авион, дополнително ја засилуваат драмата и отвораат сериозни прашања за интензитетот на судирите и реалната состојба на терен.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран