УТРО.мк

Меџити: Без жените во одлучувањето нема вистински развој на општеството

Меџити: Без жените во одлучувањето нема вистински развој на општеството
Vero

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на Меѓународната конференција „Чаири 2026“ говореше за политичкиот имиџ на албанските жени и нивната клучна улога во градењето поправедно и поразвиено општество.

Во своето обраќање, Меџити истакна дека долги години политиката и јавните одлуки се носеле без доволно вклучување на женската перспектива, што, како што нагласи, довело до нецелосен и едностран развој.

„Реалноста е јасна – без жените во процесите на одлучување, политиката останува еднострана, а општествениот развој стагнира“, потенцираше Меџити.

Тој изрази задоволство што денес жените не само што бараат поголем простор, туку и самите активно го создаваат, преземајќи одговорности и лидерски улоги во различни сфери од јавниот и општествениот живот.

Меџити нагласи дека не е доволно да се зборува само за еднаквост, туку дека институциите и политиката мора да воспостават конкретни механизми кои ќе обезбедат правична застапеност, еднакви можности и поддршка за жените во процесите на донесување одлуки.

Според него, секое општество кое не инвестира во потенцијалот и лидерството на жените, директно го ограничува сопствениот развој.

На крајот од обраќањето, Меџити се заблагодари за можноста да учествува на конференцијата и за, како што рече, значајната и конструктивна дискусија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран