УТРО.мк

Општина Центар подели хуманитарни пакети за Велигден како помош за семејства во социјален ризик

Општина Центар подели хуманитарни пакети за Велигден како помош за семејства во социјален ризик
Vero

Општина Центар и оваа година, во пресрет на Велигденските празници, реализираше хуманитарна акција со која беа доделени пакети со основни прехранбени производи на семејства во социјален ризик кои живеат на нејзината територија.

Од општината истакнуваат дека не станува збор за изолирана иницијатива, туку за дел од постојана пракса и континуирана грижа за ранливите категории граѓани, особено во периоди на празници кога потребата од солидарност е уште поизразена. Целта на ваквите активности е да се обезбеди поддршка таму каде што е најнеопходна и да се придонесе празничните денови да поминат со повеќе достоинство, топлина и чувство на заедништво.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран