УТРО.мк

Зоран Стевановиќ избран за претседател на словенечкиот парламент

Зоран Стевановиќ избран за претседател на словенечкиот парламент
Vero

Словенечкиот парламент го избра Зоран Стевановиќ за претседател на законодавниот дом, на конститутивната седница на новиот парламентарен состав, јави словенечката национална телевизија РТВ Сло.

На тајното гласање, Стевановиќ доби поддршка од 48 пратеници во 90-члениот парламент, со што го надмина потребниот праг од 46 гласа. Тој беше единствениот кандидат за функцијата.

Стевановиќ е лидер на партијата „Ресница“, која на последните парламентарни избори освои пет пратенички места. Неговата кандидатура ја поддржаа дел од пратениците на неговата партија, како и претставници од „Нова Словенија“ и од Словенечката демократска партија.

По изборот на претседателот на парламентот, беа потврдени и мандатите на пратениците, со 62 гласа „за“ и без „против“. Со тоа и формално заврши мандатот на претходниот парламентарен состав, како и на досегашната влада, која отсега ќе функционира во технички капацитет.

Од „Ресница“ порачаа дека Стевановиќ е личност која може да придонесе за стабилност и соработка меѓу различните политички опции во новиот состав на парламентот.

Во дебатата пред гласањето, дел од опозициските партии изразија критики и оценија дека тој не е соодветен избор за функцијата, додека дел од пратениците најавија воздржаност или противење.

Според резултатите од изборите, „Движење Слобода“ освои 29 мандати, Словенечката демократска партија 28, „Нова Словенија“ девет, „Социјалдемократите“ и „Демократите“ по шест, а „Левица и Весна“ и „Ресница“ по пет мандати. Излезноста на изборите изнесуваше 70,25 проценти.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран