УТРО.мк

Турција оди кон радикална мерка: Целосна забрана за продажба на тутун

Турција оди кон радикална мерка: Целосна забрана за продажба на тутун
Vero

Властите во Турција подготвуваат целосна забрана за продажба на тутунски производи од 1 јануари 2040 година, како дел од нов законски пакет насочен кон намалување на пушењето и заштита на јавното здравје.

Предлог-законот, изработен од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во соработка со Министерството за здравство, наскоро се очекува да биде доставен до Парламентот. Со него се предвидуваат и низа преодни мерки што ќе важат до стапувањето во сила на целосната забрана.

Меѓу предложените ограничувања е и целосна забрана за пушење на отворени простори во рестораните и кафулињата, како и формирање посебни зони за пушачи каде нема да биде дозволена продажба на храна и пијалаци. Дополнително, купувањето на тутунски производи ќе се врши исклучиво со банкарски картички, со цел подобра контрола и следење на потрошувачката.

По 2040 година, физичките и правните лица кои ќе бидат вклучени во увоз, производство, транспорт или продажба на тутунски производи ќе се соочат со строги казни. Санкциите ќе се движат од еден до пет милиони турски лири, односно од 22.000 до 112.000 долари, со можност за нивно усогласување со инфлацијата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран