
Светот е на нозе по жестоката и директна порака која се појави на профилот на американскиот претседатдл Доналд Трамп на неговата социјална мрежа Truth social, во која се најавуваат можни удари врз клучната инфраструктура во Иран.

Во објавата се користи остар и провокативен речник, а се споменува дека „вторник ќе биде ден на електрани и мостови“ – алузија што многумина ја толкуваат како отворена најава за напади врз витални објекти.
Во истата порака се упатува и директен повик за отворање на Ормутскиот теснец, еден од најважните светски енергетски коридори, со предупредување дека во спротивно ќе следат сериозни последици.
Ваквиот тон, каков што ретко се слуша дури и во време на кризи, дополнително ја засилува загриженоста за можен нов бран на воени активности.
Објавата веќе предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде дел од корисниците ја оценуваат како директна закана и сигнал за ескалација, додека други предупредуваат дека вакви пораки можат да имаат сериозни глобални последици, особено за енергетската стабилност.























