
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја посети збратимената општина Стари Град во Белград, каде што се сретна со градоначалникот Радослав Марјановиќ. Посетата беше реализирана по повод 150-годишнината од формирањето на општината Стари Град, соопшти Општина Центар.
На средбата, делегациите од двете општини разменуваа искуства и разговараа за можности за продлабочување на соработката во областите култура, спорт, образование и урбан развој.
Нашите збратимени општини имаат слични проекти и приоритети, и токму затоа е важно да споделуваме искуства и да учиме едни од други. Преку вакви врски и соработка, ги промовираме културните вредности и туристичките потенцијали што ги поседуваме, истакна Герасимовски.























