УТРО.мк

Пендаровски: Без длабоки промени, СДСМ ризикува исчезнување

Пендаровски: Без длабоки промени, СДСМ ризикува исчезнување
Vero

Поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски, испрати остро предупредување до раководството на СДСМ, нагласувајќи дека партијата се наоѓа на критична крстосница и дека без суштински промени може да се соочи со понатамошен пад и политичка маргинализација.

Пендаровски оцени дека актуелната политичка состојба покажува парадокс: иако ВМРО-ДПМНЕ изгуби дел од традиционалната поддршка, СДСМ не успеала да го искористи тоа и да го привлече опозиционото расположение кај гласачите. „Кога не успеавте тоа да го направите, рецептите се јасни – или ја менувате политичката стратегија и пристапот кон граѓаните, или носите нови луѓе кои ќе знаат да допрат до различни слоеви од гласачкото тело“, порачува тој.

Поранешниот претседател посочи дека проблемот не е само во комуникацијата, туку и во суштината на политичкото делување – стратегијата, кадровската поставеност и начинот на кој партијата се обраќа до јавноста.

Тој предупреди дека со актуелниот тренд на намалена поддршка, СДСМ ризикува уште полош резултат на следните избори. „Постои реална опасност партијата да оди кон исчезнување или да влезе во статистичка маргина на грешка“, заклучи Пендаровски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран