
Во Куманово денес, почина една од најистакнатите историчарки на уметност, Јасмина Зисовска-Зис, која многу допринесе во зачувувањето на македонското културно наследство.
Зисовска е родена на 28 февруари 1959 година во Куманово, каде го завршила основното и средното образование. Нејзината љубов кон историјата и уметноста ја однела на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата за историја на уметност со археологија, каде дипломирала во 1984 година. Веднаш по дипломирањето се вработува во НУ Музеј – Куманово како кустос, каде во следните десет години ги истражува христијанските сакрални споменици во Куманово и околината. Во соработка со колешката Викторија Коробар создава каталогот „Иконите во Кумановско“ (2001), кој ја прославува двехилјадата годишнина од христијанството, а иконите од овој каталог се сместени во Галеријата на икони во црквата „Св. Никола“ во Куманово.
Искуството во последните две децении, Јасмина го посветува на современата уметност како кустос во Уметничката галерија на Музејот, каде активно организира самостојни и групни изложби, вклучувајќи ги и традиционалните „Кумановски ликовни уметници“ и „Ликовна колонија Куманово“. Во 2005 година се приклучува на Управата за заштита на спомениците на културата при Министерството за култура во Скопје, каде како советник и инспектор за културно наследство продолжува да ја брани и чува македонската уметничка и сакрална традиција до 2019 година. На крајот од својата кариера, се враќа во Музејот во Куманово, каде работи до пензионирањето во февруари 2021 година.























