
Во сабота (5 април), во Скопје ќе се одржи улична трка под организација на Сојузот на спортови на Скопје. Почетокот е закажан во 10 часот на плоштадот пред фонтаната Лотус, а учесниците ќе ја следат трасата по булеварот „Илинден“ до крстосницата со булеварот „8-ми Септември“, каде што ќе направат полукружен свиок и ќе се вратат кон стартната точка.
За време на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воведе посебен режим на сообраќај, а возилата ќе бидат пренасочувани по околните улици за непречено одвивање на трката.























