УТРО.мк

Орбан критикува: Дополнителната помош за Украина е како „гајба вотка за алкохоличар“

Орбан критикува: Дополнителната помош за Украина е како „гајба вотка за алкохоличар“
Vero

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го критикуваше писмото на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во кое таа повикуваше земјите-членки на ЕУ да обезбедат дополнителни финансиски средства за Украина.

Орбан истакна дека ваквото барање го потсетува на обид да се помогне на алкохоличар со испраќање уште една гајба вотка. „Во време кога стана јасно дека воената мафија зема пари од европските даночни обврзници, наместо да се воведе вистински надзор или да се суспендираат плаќањата, претседателката на Комисијата предлага да испратиме уште повеќе“, напиша Орбан на „X“.

Тој додаде дека барањето е зачудувачко и потенцираше: „Унгарија не го изгубила здравиот разум“.

Претходно, Фон дер Лајен во писмото наведува дека постојат три можности за финансирање на потребите на Украина, вклучително заем со користење на замрзнати руски средства како гаранција.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран