УТРО.мк

Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото

Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото
Vero

По лидерската средба одржана во Клубот на пратениците, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека меѓу политичките лидери е постигнато значајно придвижување околу клучните политички прашања, меѓу кои и иднината на техничката, т.н. пржинска влада.

Според Мицкоски, на средбата е постигната општа согласност дека моделот на техничка влада треба да стане дел од минатото. Тој посочи дека е најден и компромис за Законот за прекршоците, додека за укинувањето на техничката влада ќе биде потребна согласност од сите парламентарни групи. Во спротивно, како што рече, таа би важела и за следните избори, по што би била укината.

Мицкоски истакна дека ќе бидат неопходни и измени во Законот за Владата, поради промените во владините ресори, и нагласи дека денешната средба се одвивала во поинаков, поконструктивен дух од вообичаениот.

„Јавноста денеска беше сведок на отворена и конструктивна дебата, полна со предлози и идеи. Се отворија многу прашања и предложив разговорите да продолжат на ниво на пратенички групи, затоа што нашата цел е надминување на проблемите, а не создавање нови“, изјави Мицкоски.

Лидерската средба беше одржана по негова иницијатива. Од ВМРО-ДПМНЕ присуствуваше и координаторот на пратеничката група Никола Мицевски, додека од коалициските партнери во Владата беа присутни генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација Горан Минчев и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата „Вреди“.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран