УТРО.мк

Апасиев: Договорено до крајот на пролетта да се донесе нов Изборен законик

Апасиев: Договорено до крајот на пролетта да се донесе нов Изборен законик
Vero

Лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, по речиси тричасовната лидерска средба во Клубот на пратениците, ја оцени средбата како „изненадувачки првпат конструктивна“. Средбата ја иницирал премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Апасиев рече дека е начелно договорено нов Изборен законик да се донесе до крајот на пролетта, јуни, и дека дискусијата за неговите модалитети ќе продолжи на ниво на координаторите на пратеничките групи во Собранието, во соработка со некои министри од Владата. Тој посочи дека темите за изборен цензус, една изборна единица и отворени или затворени листи се дел од преговорите.

Во врска со техничката влада, Апасиев истакна дека се разговарало за две варијанти – нејзино укинување веднаш или по следните парламентарни избори, зависно од ставот на СДСМ.

Апасиев исто така ги истакна предлозите на Левицата за избирање на омбудсман, кој, според него, треба да биде припадник на ромската заедница, која, како што рече, е најдискриминирана и нема доволно застапеност во институциите.

Од економските теми, Левицата на средбата ги отвори прашањата за минималната плата и за апанажа и патни трошоци на пратениците и јавните функционери, но за нив не било постигнато разбирање. Исто така, се дискутирало за обесштетување на семејствата на жртвите од Кочани, за кое, според Апасиев, нема слух од другите партии.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран