УТРО.мк

Во Битола се одржа традиционалниот обред на Бабарите: Демоните и ѓаолите беа истерувани од градот

Во Битола се одржа традиционалниот обред на Бабарите: Демоните и ѓаолите беа истерувани од градот
Vero

На ден 14 јануари, кога православните верници го празнуваат Свети Василие или народно познатата Василица, низ битолските улици се одржа традиционалниот обред на Бабарите. Ромите од Баирот, маскирани како чудовишта, со зурли, тапани и клопорарци, го симболизираа истерувањето на лошите демони од градот.

Бабарската поворка ја предводат маскиран маж и жена, при што жената секогаш е маскиран маж. Во согласност со народните преданија, овие „некрстени денови“ од Раѓањето Христово до Водици се време кога царуваат ѓаоли, вештерки, караконџоли и други лоши сили.

Маскираните Бабари влегуваат во секој дом, дуќан и угостителски објект каде пеат, играат и ги истеруваат лошите демони, а домаќините ги наградуваат со храна, пијалоци или пари, како знак за здравје и заштита на домашните.

Овој обред продолжува да биде една од најживописните и најпосетуваните традиции во Битола, симболизирајќи борба со злото и заеднички празничен дух.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран