
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги потврди резултатите од локалните избори и ги именува новите градоначалници на четири општини. Ваљбон Лимани и Исен Шабани од Национална алијанса за интеграција, Онер Јакуповски од коалицијата „Твоја Македонија“ и Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците ќе ја водат општините Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Потпретседателот на ДИК, Абдуш Демири, истакна дека општинските изборни комисии се задолжени веднаш да ги објават конечните резултати според Изборниот законик.
Ангелчо Ристов од ДИК се осврна на гласачкото место 0782 во Гостивар, каде на 11 јануари поради лоши временски услови не се спровело гласање. Тој нагласи дека на тоа место биле запишани само 23 гласачи и дека ова нема влијание врз конечните резултати за кандидатите за градоначалник.



























