
Подобрете го искуството при играње: паметните алатки за играње се среќаваат со врвните перформанси
Вашиот “Galaxy“ уред не е само паметен телефон. Тој е вашето креативно студио, личен асистент и дигитален трезор, сè во едно. Во овој серијал од шест дела, петтата статија ги открива карактеристиките што тивко го прават секојдневниот живот попаметен, поедноставен и позабавен. Од целосна персонализација и автоматизација, до алатки за фотографирање и приватност на професионално ниво, секој “Galaxy“ уред е создаден да ги надмине очекувањата. А со до шест години ажурирања на оперативниот систем за серијата “Galaxy A“ и до седум години за сериите “Galaxy S“ и “Z“, вашиот “Galaxy“ продолжува да се развива долго откако прв пат ќе го вклучите.

Скопје, 12 јануари 2026 година –Без разлика дали брзате низ стазите на омилениот симулатор за возење, го истражувате отворениот свет на игрите со играње улоги (role-playing), или пак сте во трката за најдобар резултат на ранг-листата во игра со пукање во прво лице, функцијата “Game Launcher“ ви помага да останете фокусирани. Ги прави известувањата беззвучни, ги оптимизира перформансите и нуди вградени алатки за снимање, креирање “screenshots“ и управува со потрошувачката на батеријата. На ова додадете ги моќните чипсети на “Galaxy“ и напредните системи за ладење со комори за пареа и во раце имате моќен компјутер за игри кој го собира во вашиот џеб. Играјте подолго, поглатко и попаметно, каде и да сте. Вашиот “Galaxy“ е подготвен за вашата следна битка со “шефот“.
Кога е време за промена на темпото, “Samsung DeX“ му овозможува на вашиот “Galaxy S25“ да се поврзе со монитор и да стане работна станица за десктоп за само неколку секунди. “Bluetooth“ тастатура и глушец, мултитаскинг и омилените канцелариски апликации на цел екран? Секако.
Совршена комбинација: Серијата “Galaxy S25“ обединува моќ и ефикасно ладење за играње игри на повисоко ниво, мултитаскинг и врвни перформанси – вашата џебна конзола и центар за продуктивност во еден елегантен уред.



























