
Американскиот претседател Доналд Трамп во последните изјави нагласи дека Гренланд мора да дојде под контрола на САД и дека секоја друга алтернатива е неприфатлива. Овие ставови предизвикаа загриженост меѓу сојузниците и во НАТО, кој, според извештаи, веќе подготвува контингентни планови за заштита на островот.
Италијанската премиерка Џорџија Мелони, пак, исклучи каква било можност за американска воена интервенција на Гренланд и повика на засилена улога на НАТО во Арктичкиот регион, нагласувајќи дека безбедноста на островот треба да се гарантира преку меѓународна соработка, а не еднострани акции.



























