УТРО.мк

Меџити започна чистење на депонијата во Никуштак со пет милиони денари

Меџити започна чистење на депонијата во Никуштак со пет милиони денари
Vero

Министерството за животна средина и просторно планирање денес ја започна санацијата на дивата депонија во селото Никуштак, општина Липково. Депонијата е идентификувана како една од најопасните во Националниот план за управување со отпад и претставува сериозна закана за здравјето на жителите на Липково и соседните општини.

За проектот се обезбедени околу пет милиони денари од Буџетот за 2025 година, како и механичка опрема за безбедно управување со отпадот. По завршувањето на техничките подготовки, денеска почнаа градежните работи на терен.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, истакна дека оваа акција е голем чекор кон заштита на здравјето на граѓаните и подобрување на условите за живот во Липково и околниот регион. Тој нагласи дека институциите немаат повеќе време за чекање и дека треба конкретно да дејствуваат на терен.

Од Министерството додаваат дека акцијата е важен чекор во напорите за подобрување на животната средина и заштита на здравјето на граѓаните на Липково и целиот регион.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран