Првиот заменик-претседател и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој е и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, ја потврди својата посветеност на конкретни дела наместо празни ветувања. Две недели по средбата со Здружението на пензионери од Чаир, започнаа градежните работи за нова дополнителна просторија што ќе им служи на постарите граѓани на општината.
„Пред околу две недели, на средбата со пензионерите ветив дека наскоро ќе добијат дополнителен објект до постоечкиот. Денес, тоа ветување се претвора во дело. Почнаа градежните работи и лично ја следев нивната етапа на изведба“, изјави Меџити.
Проектот, според него, е јасен пример за посветеност кон грижата за генерацијата што многу дала за општеството. Во рок од пет дена, пензионерите од Чаир ќе добијат модерен и достоинствен простор за секојдневни активности.
„Овој објект ќе ги задоволи нивните потреби и ќе обезбеди подобри услови за секојдневните активности. Инвестицијата е знак на благодарност и исполнување на должноста да се создаде достоинствена средина за нашите постари граѓани“, додаде Меџити.
Според него, ова е модел на управување што ВЛЕН го промовира – ветувања што се претвораат во дела и инвестиции што го подобруваат животот на граѓаните.