Украински сили со дронови со долг дострел извршија напад врз гасниот терминал во Уст-Луга, Русија, еден од најголемите погони за преработка на природен гас во Европа, јави Ројтерс.
Објектот е во сопственост на „Газпром“ и под управување на „Новатек“, а нападот предизвика голем пожар откако остатоци од соборени беспилотни летала паднаа врз постројките. На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа густ облак од чад, но нема извештаи за повредени.
Нападот се случи на 24 август, на денот на независноста на Украина, кога истовремено беше погодена и нуклеарната централа во Курск, што ја намали продукцијата од еден реактор за 50 проценти.
Според Блумберг, нападот бил изведен од специјалните сили и безбедносните служби на Украина. Губернаторот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, изјави дека пожарот бил изгаснат со специјален воз за гаснење, а воздушниот сообраќај кон Санкт Петербург е нормализиран.
Украинските дронови во рамки на истата акција погодиле и други енергетски објекти, при што за околу 17 проценти е намален капацитетот за преработка и извоз на гориво во Русија, што се одрази врз снабдувањето со бензин во Крим, јужните региони и на Далечниот Исток.
The Ust-Luga terminal in the innermost part of the Gulf of Finland is a key
— Carl Bildt (@carlbildt) August 24, 2025facility for export of oil and gas. It’s evidently been hit by
long range drones. pic.twitter.com/d6ChcgQQGJ