УТРО.мк

Трамп откри зошто Путин на сака да се сретне со Зеленски

Трамп откри зошто Путин на сака да се сретне со Зеленски
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник на прес-конференција во Белата куќа се осврна на повеќе актуелни теми, меѓу кои и на конфликтот во Појасот Газа, состојбата во Украина и односите со Северна Кореја.

Трамп го осуди израелскиот напад врз болницата Насер на југот на Појасот Газа, при што загинаа најмалку 20 лица, меѓу кои пет новинари од агенциите Reuters, Associated Press и Al Jazeera. „Не сум среќен поради тоа. Не сакам да гледам вакви работи. Мораме да ја запреме оваа… ноќна мора“, рече Трамп.

Во врска со иницијативата за средба помеѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, Трамп изјави дека причината за неодржување на состанокот е тоа што Путин „не го сака“ Зеленски. Американскиот претседател додаде дека со Путин разговарале за ракетите, нуклеарното оружје и за ограничување на нуклеарното вооружување, вклучувајќи ја и Кина.

Трамп, исто така, најави дека ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, нагласувајќи дека со него „се многу добри“. Тој потсети дека за време на својот прв мандат веќе двапати се сретнал со Ким и изрази надеж за продолжување на дијалогот со Пјонгјанг.

Покрај тоа, Трамп се осврна и на трговските односи со Јужна Кореја, при што изнесе критики кон претседателот Ли Џе-мионг, поради начините на кои се воделе истрагите поврзани со неговиот претходник.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран