УТРО.мк

Талибанците користат американски „хамви“ како набљудувачки точки со митралези

Талибанците користат американски „хамви“ како набљудувачки точки со митралези
Vero

Голем број од преостанатите оклопни возила „ХММВВ“ од американската армија, оставени за време на повлекувањето од Авганистан во 2021 година, Талибанците ги користат како набљудувачки места, поставувајќи ги на бетонски конструкции.

За време на повлекувањето, во Кабул останала воена опрема вредна седум милијарди долари, вклучувајќи и оклопни возила „Хамви“. Од вкупно 96.000 воени возила обезбедени од САД за авганистанските сили, над 40.000 останале во Авганистан. Поради недостаток на резервни делови, голем дел од опремата не може да се користи, но „Хамви“ се искористуваат за набљудување.

На секое возило е монтиран тежок митралез „Браунинг М2“ од 12,7 мм, што им обезбедува значителна огнена моќ на набљудувачките точки. Дополнително, во Авганистан останале 9.524 парчиња муниција воздух-земја, во вредност од 6,54 милиони долари, главно со мала прецизност.

Оваа практика ја покажува способноста на Талибанците да ја искористат американската опрема за контрола и набљудување на територијата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран