УТРО.мк

Омерагиќ: Бесплатен влез за децата и младите фудбалери на мечот Македонија – Лихтенштајн

Омерагиќ: Бесплатен влез за децата и младите фудбалери на мечот Македонија – Лихтенштајн
Vero

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, најави дека за претстојниот натпревар на националниот тим против Лихтенштајн ќе биде овозможен бесплатен влез на источната трибина за децата и младите фудбалери заедно со нивните тренери.

Оваа одлука се однесува на сите категории од Детската лига, фудбалските школи од регионалните лиги, како и на младите селекции – пионери, помлади пионери, кадети и младинци.

Натпреварот Македонија – Лихтенштајн ќе се одигра на 7 септември 2025 година, со почеток од 18:00 часот, на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран