УТРО.мк

Пропаднаа плановите: Виљареал и Барселона нема да играат во Мајами

Пропаднаа плановите: Виљареал и Барселона нема да играат во Мајами
Vero

Планот на првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, конечно да одржи натпревар од шпанското првенство во Мајами, и овојпат најверојатно нема да успее.

Идејата за одигрување на дуелот меѓу Виљареал и Барселона на 20 декември во САД се соочи со сериозни пречки – критики од фудбалерите, отворен отпор на Реал Мадрид и неочекувана интервенција на Високиот спортски совет (CSD).

Иако овој пат не постојат старите бариери како неповолните правила на ФИФА или противењето на Луис Рубиалес, се појавија нови проблеми. Писмото на Реал Мадрид го принуди CSD внимателно да го разгледа случајот, а дополнителна компликација донесе најавата на Мигел Анхел Галан дека ќе ја тужи Ла Лига ако натпреварот се игра во САД без одобрение од Владата.

Така, „Планот Мајами“, и покрај амбицијата да се освојат американскиот пазар и глобалната сцена, повторно виси во воздух.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран