УТРО.мк

Хаос во Швајцарија: Стотици демонстранти се судрија со полицијата – Ова е причината

Хаос во Швајцарија: Стотици демонстранти се судрија со полицијата – Ова е причината
Vero

Лозана, Швајцарија – Стотици млади луѓе излегоа на улиците на Лозана синоќа по смртта на 17-годишен тинејџер за време на полициска потера, предизвикувајќи хаос и сериозни штети.

Немирите започнаа околу 21:30 часот во областа Прелаз, кога демонстрантите почнале да фрлаат пиротехнички средства кон полицијата, да палат контејнери и дури да запалат градски автобус. До полноќ градот беше во состојба на опсада, а противпожарните екипи интервенираа на повеќе локации.

Според полицијата, тинејџерот починал наутро во недела откако, бегајќи од полицијата со украден скутер, удрил во ѕид. Првичните наоди покажуваат дека тој изгубил контрола врз возилото по инцидент со полицаец.

Случајот е под истрага, а причините за масовното собирање на млади луѓе се поврзуваат со протест против смртта на тинејџерот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран