Младиот човек од Белград доживеа стресен момент на почетокот од својот летен одмор во Грција, кога сфати дека го изгубил паричникот со картички и пари на бензинска пумпа на автопатот во Македонија.
Неговата мајка веднаш објави повик на социјалните мрежи, надевајќи се дека информацијата ќе помогне паричникот да биде пронајден. Сепак, ситуацијата доби среќен пресврт кога менаџерот на бензинската пумпа го пронајде паричникот и преку Инстаграм го контактираше студентот.
Паричникот беше испратен до Закинтос со следната група туристи кои направиле пауза на истата бензинска пумпа, а туристичкиот водич го достави до студентот, недопрен и со сите документи.
Мајката го пофали постапката на пронаоѓачот како пример за добрина и чесност, истакнувајќи дека вакви вести се редок, но охрабрувачки потсетник дека добри луѓе сè уште постојат.