УТРО.мк

Два хороскопски знаци ги очекува хаос во септември

Два хороскопски знаци ги очекува хаос во септември
Vero

Два хороскопски знака во септември ќе се соочат со вистинска борба за опстанок

Астролозите предупредуваат на редок планетарен распоред кој ќе донесе турбулентен и конфликтиен септември. Според нив, неколку хороскопски знаци ќе бидат ставени пред големи предизвици, а особено два од нив ќе мора да влезат во вистинска „битка за опстанок“, без простор за повлекување.

Близнаци

Најсилното оружје на Близнаците – интелектот и комуникациските способности – ќе се претворат во нивна најголема слабост. Во овој период се очекува ширење на гласини, недоразбирања и дезинформации во нивната околина. Можно е да бидат вклучени во вербални конфликти кои ќе ја стават на испит нивната репутација. Пријателите може да почнат да се сомневаат во нив, а деловните партнери да се дистанцираат. Ова е борба за вистината, во која самата невиност не е доволна гаранција за победа.

Лав

Лавовите, кои по природа се навикнати на лидерска улога, ќе се соочат со директен удар врз своето влијание и углед. Некој од нивното блиско опкружување ќе се обиде да го оспори нивниот авторитет, а предизвикот ќе биде јавно и жестоко изразен. Во оваа борба за моќ, нивната самоувереност и ароганција може да се претворат во сериозна слабост. Ќе мора да се борат не само за својот статус, туку и за позицијата што ја сметаат за суштински дел од својот идентитет.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран