Тврди дека не прекршил закон
Виторио Коделупи (48), новоименуван директор на јавната компанија за водоснабдување SAL во Италија, предизвика бурни реакции по објавувањето на видео на кое се гледа како со Porsche Cayenne вози со брзина од 260 км/час по автопат во Германија, држејќи мобилен телефон во рака.
Коделупи тврди дека не го прекршил законот бидејќи делницата каде возел била без ограничување на брзина. Меѓутоа, јавноста и политичката опозиција го критикуваат поради опасноста од користење мобилен телефон при возење, што е забрането во Германија. За ваков прекршок се предвидени казна од 150 евра, казнени поени и можност за привремена забрана за возење.
По објавувањето на видеото, опозицијата повикува на негова оставка, додека не е јасно дали Коделупи ќе ја задржи позицијата во SAL.