Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, соопшти дека таговите за патарини веќе нема да се купуваат само на самите патарини, туку и на повеќе од 200 локации низ земјата.
„Работиме многу на подобрување на проточноста на патарините. Од сегашните 40.000 тагови, кои се достапни само на патарините и во Јавното претпријатие, ќе се создаде мрежа од 200 до 500 места каде ќе може да се купат. Очекуваме бројот на тагови да се зголеми од 40.000 на 200.000, што ќе овозможи подобро функционирање на патарините“, рече Трајановски.
Со оваа мерка, возачите ќе имаат поголема достапност до тагови и ќе се намалат гужвите на патарините.