УТРО.мк

Руски патнички авион принудно слета во Талин, патниците останаа затворени со часови

Руски патнички авион принудно слета во Талин, патниците останаа затворени со часови
Vero

Патнички авион со претежно руски државјани на лет за Санкт Петербург бил принуден да изврши итно слетување во Естонија утрото на 24 август, поради украински напади со беспилотни летала врз Русија, објави весникот „Постимис“.

Авионот бил пренасочен да слета на аеродромот во Талин, бидејќи аеродромот Пулково бил привремено затворен. „Патниците и екипажот не можеле да го напуштат авионот за време на престојот во Талин“, изјави Маргот Холц, раководителка на комуникации и маркетинг на аеродромот.

Во текот на ноќта, украински беспилотни летала погодиле гасен терминал во Ленинградската област и рафинерија за нафта во Самара. Извор од Службата за безбедност на Украина (СБУ) потврдил дека агенцијата стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во Ленинградската област.

Авионот на египетската авиокомпанија „Ал-Масрија Јуниверсал Ерлајнс“, кој полетал од Шарм ел-Шеик, слетал во Талин во 5:33 часот по локално време, а шест часа подоцна го продолжил своето патување кон Санкт Петербург.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран