УТРО.мк

Зголемени тензии: Венецуела мобилизира 15.000 војници, американски бродови се приближуваат

Зголемени тензии: Венецуела мобилизира 15.000 војници, американски бродови се приближуваат
Vero

Владата на Венецуела испрати 15.000 војници и полициски сили на границата со Колумбија, додека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп испраќа воени бродови во јужниот дел на Карибите.

Министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабело изјави дека силите се распоредени во пограничните држави Зулија и Тачира и ќе им се придружат бродови, авиони и беспилотни летала. „Претседателот нареди да се гарантира мирот. Ако сакаат да влезат преку границата, нема да можат“, додаде Кабело.

Три американски воени бродови, со повеќе од 4.000 морнари и маринци, се на пат кон регионот со цел да ги потиснат нарко-картелите. Претходно Трамп побара од Пентагон да подготви опции за можни воени операции, што предизвика загриженост кај многу латиноамерикански лидери, објави „Блумберг“.

Кабело, исто така, ја повика Колумбија да ја зголеми безбедноста на својата страна од границата, истакнувајќи дека Каракас и Богота имаат „одлични односи“.

Претседателот Николас Мадуро минатата недела ги повика граѓаните да се обединат и да се приклучат на милициите, додека државната телевизија почна да емитува промотивни спотови за регрутирање.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран