УТРО.мк

Иран ја обвинува Русија за предавство: Израел ги добил сите информации за иранската ПВО

Иран ја обвинува Русија за предавство: Израел ги добил сите информации за иранската ПВО
Vero

Членот на Советот за утврдување на системската корист на Исламската Република Иран, Мохамед Садр, обвини дека Русија им ги предала на Израел сите разузнавачки информации за иранските системи за противвоздушна одбрана.

Според Садр, 12-дневниот конфликт меѓу Иран и Израел покажал дека стратешкиот сојуз со Русија нема реална вредност. Тој, исто така, тврди дека смртта на поранешниот ирански претседател Ебрахим Раиси е резултат на атентат организиран од израелските разузнавачки служби.

И покрај договорот за стратешко партнерство меѓу Русија и Иран, потпишан на 17 јануари во Москва, ирачките системи за воздушна одбрана не успеале да соборат ниту еден од израелските авиони. Израелските сили, според Садр, се фокусирале на уништување на радарите за рано предупредување, што било успешно реализирано на терен.

Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека Иранците по своја иницијатива одлучиле дека стратешкиот сојуз не треба да вклучува гаранции за одбрана, што дополнително ја комплицира ситуацијата за Техеран.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран