УТРО.мк

Седум пожари на отворен простор во Македонија, два се уште активни

Седум пожари на отворен простор во Македонија, два се уште активни
Vero

На ден 25 август 2025 година, на територијата на Република Македонија се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор. Два од нив се активни, два се под контрола, а три се целосно изгаснати.

Активни пожари:

Општина Долнени, село Долгаец – мешана шума

Општина Крушево, влезот на Крушево – депонија

Пожари под контрола:

Општина Македонски Брод, повеќенаменско подрачје Јасен – мешана шума

Општина Гевгелија, планината Кожуф – висока шума

Изгаснати пожари:

Општина Штип, село Судик – стрниште

Општина Дебар, село Елевци – ниска вегетација

Општина Куманово, населба Гоце Делчев – ниска вегетација

Центарот за управување со кризи продолжува да ја следи состојбата и ги повикува граѓаните на внимателност при работа на отворено.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран