На социјалните мрежи се шири апел од семејството на Владимир Бурев од Штип, кој од вчера е недостапен и не се јавува на телефон. Блиските замолуваат за какви било информации што би можеле да помогнат во неговото пронаоѓање.
Доколку некој го има видено или располага со информации за неговото движење, се повикува да се јави во најблиската полициска станица или директно да стапи во контакт со семејството.