Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека претходната влада системски поставила основи за заштита на жените од насилство, додека сегашната власт ги игнорира овие политики. Тој нагласи дека преку закони, институционални реформи и услуги за заштита, како и преку воведување на квоти за женско лидерство, СДСМ обезбедила долгорочни и одржливи мерки за родова еднаквост.
„Ние сме потписници на Истанбулската конвенција и отворија многу центри за рана детекција каде мултидисциплинарно работат социјални работници, психолози и лекари. Превенцијата е клучна, животот на секоја жена мора да биде заштитен“, рече Филипче.
Критиките кон сегашната влада се насочени кон наводното запоставување на овие системски реформи и продолжување на авторитарни политики слични на режимот на Никола Груевски. „Власта на ВМРО-ДПМНЕ продолжи каде што застана Груевски, со притисоци врз работниците, наставниците и докторите и застој во покачувањата на платите“, додаде Филипче.
Тој нагласи дека единствената алтернатива е СДСМ, како партија која се бори за системски реформи и родова еднаквост, и која обезбедила реален напредок во женското лидерство и заштитата од насилство.























